Тренинг обука

Тренинг обука за методот СТЕМ Лавиринт

Обуката ќе биде структурирана како 5-дневен тренинг со флексибилност да се нуди во минимум од 3 дена. Обуката ќе биде наменета за наставници, обучувачи на наставници и менаџери на училишта.

Главните резултати од обуката вклучуваат:

  • Разбирање на методологијата;
  • Разбирање на работата на мобилната апликација и упатство за користење;
  • Учење како да се направат предметите како математика, хемија, физика и биологија подостапни и поинтересни за учениците преку методот СТЕМ Лавиринт, да ги мотивираат учениците за решавање проблеми и креативно размислување
  • Изработка на оперативни планови за час (со реални сценарија од проблеми) за ученици во училиштата

За времетраењето на проектот, обуката ќе се објави во Клучна акција 1 – мобилност наставен кадар во ЕРАЗМУС + КА1.