Втор транснационален состанок
Вториот транснационален состанок на партнерите во рамките на проектот СТЕМ Лавиринт се одржа на 9 и 10 октомври 2021 во Ларнака, Кипар. Консорциумот за прв пат од почетокот на проектот се сретна со физичко присуство и ги дискутираше активностите поврзани со имплементација на проектот. Во овој период од проектниот циклус веќе е завршен првиот интелектуален производ, во тек е реализацијата на вториот, па затоа за време на состанокот се разговараше за неговата имплементација, се направија прилагодувања кои ќе доведат до подобри резултати и се евалуираше напредокот на проектните активности. Исто така, се направи евалуација на планот за дисеминација и се разговараше за активностите кои ќе следат во наредниот период. Според агендата за состанокот се разговараше за улогата на секоја организација во однос на периодичниот извештај што треба да се поднесе до Националната агенција. На состанокот присуствуваа по двајца претставници од секоја партнер организација и го разгледаа следното: степенот до кој интелектуалните производи се реализирани, извештаи од лидерите на интелектуалните производи, анализа од страна на комитетот за квалитет, број на активности за дисеминација од страна на секоја организација, допринес во периодичниот извештај до НА, и активности поврзани со менаџирање и имплементација кои следат во наредниот период.