Интелектуални производи
Пакет со алатки (Toolkit) за промовирање на СТЕМ образованието
Пакетот со алатки (Toolkit) за промовирање на СТЕМ образованието содржи основни пораки, материјали и комуникациски стратегии за да им помогне на училиштата и на креаторите на политиките да ги надминат ваквите предизвици и да изградат силна поддршка за иницијативите за СТЕМ образование. Овој пакет алатки содржи низа алатки за имплементација, од спроведена анализа на СТЕМ образовни политики и практиките на наставниците за СТЕМ во партнерските земји, стратегии за наоѓање на партнери за поддршка на потребите при развивање на сопствена СТЕМ програма. Исто така, содржи совети за имплементација на избрана наставна програма, како да се дизајнираат и прилагодат плановите за интерактивни лекции – примери од веќе подготвени по наш предлог.