Мобилна апликација СТЕМ лавиринт
СТЕМ учењето во голема мера се однесува на дизајнирање креативни решенија за реални проблеми. Кога учениците учат во контекст на СТЕМ, користејќи автентичен пристап и врз основа на решавање на проблеми, тие можат појасно да ја видат вистинската примена на нивното учење. Таквиот вид на автентичност доведува до нивно вклучување, одговарајќи им на прашањето „Кога некогаш ќе го користам ова?“ и покажувајќи им ја вистинска врска помеѓу стекнатото знаење и примената. Овој интелектуален производ се однесува на дизајнирање на мобилна апликација што би претставувала виртуелен симулатор на проблеми од реалниот живот, барајќи од учениците да се справат со реален проблем и со тоа да стекнат знаење преку решавање проблеми.
Многу секојдневни ситуации и проблеми бараат не само чисто знаење од наука и математика за да бидат решени, туку и вештини за решавање проблеми, стратегии за подредување при размислувањето и креативност. На тој начин апликацијата СТЕМ Лавиринт ќе ги стави учениците во центарот на реална ситуација и ќе ги предизвика да решаваат проблеми, за на крајот да дојдат до решение. Преку давање помош во неколку чекори, апликацијата треба да ја зголеми мотивацијата и разбирањето на учениците за проблемот. Во различни фази, учениците ќе можат да добијат дополнителни совети во форма на слики, анимации, видеа итн. кои ќе им овозможат да напредуваат во „Лавиринтот“ и да излезат од него со решен проблем.