Цели и приоритети
Хоризонтални и секторски приоритети
- Иновативни практики во дигитална ера
- Зајакнување на профилот – наставник
- Поддршка на индивидуи во стекнување и развивање на основни вештини и клучни компетенции
Цели
- да се оспособат младите и учениците да решаваат проблеми и да размислуваат иновативно преку наука и технологија;
- да им се овозможи и да се мотивираат учениците да научат теми од СТЕМ со користење на интерактивни апликации;
- да се спроведат нови наставни методи и материјали кои ќе го поттикнуваат СТЕМ учењето;
- да се понуди обука за наставници за подобрување на подучувањето на содржини;
- да се создадат планови и програми за обуки на наставници за користење на СТЕМ;
- да се запознаат наставниците од основно и средно образование со европската димензија на СТЕМ пристапот во училиштата, преку промовирање на поголема соработка помеѓу наставниците, училиштата, релевантните инситуции и креаторите на политики;
- зголемување на европската димензија во училиштата преку промовирање на поблиска соработка на училиштата, учениците и наставниците.