Почетна

Светот брзо се менува, а знаењата и вештините на учениците стекнати денес не ги подготвуваат за животот понатаму. Вештините на 21 век, како што се дигиталните вештини, критичкото размислување, соработката, решавањето на проблеми, иновативното и аналитичко размислување, денес се повеќе од потребни.

Со проектот ќе воведеме нов и иновативен пристап за наставниците во СТЕМ образованието, кој ќе се кориси како дополнителен наставен материјал. Ќе креираме нов иновативен метод „СТЕМ лавиринт“ и мобилна апликација, со цел да се создаде ново образовно искуство за средношколците. Сценаријата со реални проблеми ќе бидат дел од мобилната апликација што ќе ги оспособи учениците да размислуваат критички и аналитички. Со апликацијата, тие ќе можат вистински да се справат со реалната примена на она што го учат во училиште и ќе се инспирираат да продолжат со истражување надвор од училницата.

Главниот производ на проектот, мобилната апликација, би претставувала виртуелен симулатор на проблеми од реалниот живот, барајќи од учениците да се справат со реален проблем и со тоа да стекнат знаење преку решавање проблеми. На тој начин апликацијата „СТЕМ Лавиринт“ ќе ги постави учениците во центарот на лавиринтот и ќе ги предизвика да започнат да решаваат проблеми, за на крај да дојдат до решението. Преку обезбедување помош во неколку чекори, апликацијата има за цел да ја зголеми мотивацијата на учениците и разбирањето на проблемот. Апликацијата ќе обезбеди насоки и патеки кон решавање на дефинираните проблеми и пристап „чекор-по-чекор“ кој ќе им го привлече вниманието на учениците и ќе го инспирира нивниот интерес за СTEM.

Проектот ќе придонесе во процесот на подучување на СТЕМ преку давање на корисни алатки на наставниците за имплементирање на овој метод и материјали кои ќе ја поттикнуваат СТЕМ наставата, а со тоа ќе ги оспособат младите и учениците да решаваат проблеми. Исто така, проектот има за цел да создаде план и програма за обука на наставници за СTEM од основно и средно образование, со цел да се запознаат со европската димензија на СTEM во училиштата преку промовирање на поголема соработка помеѓу наставниците, училиштата и релевантните чинители во образовниот процес, како и креаторите на политики.

Целни групи

Ученици во средните училишта, од 1 до 4 година

Наставници (наставници по математика и природни науки, СTEM едукатори во основно, средно и високо образование)

Директори на училиштата и други носители на одлуки

Релевантни институции (СТЕМ здруженија, бизнис заедницата, високообразовните инситуции, државни агенции и бироа за образование, невладини организации итн.)

влијание врз учесниците

подобрени компетенции во иновативниот пристап за подучување на СТЕМ и употреба на отворени образовни ресурси и дигитални алатки; подобрени вештини на учениците за решавање проблеми

влијание врз организациите учеснички

подобрени компетенции на основните вештини – писменост од наука и математика преку поефикасни наставни методи, употреба на ИКТ базирани методологии; зголемен капацитет и професионалност за работа на ниво на ЕУ / меѓународно ниво.

влијание врз целните групи

подобрени вештини на 21 век (дигитални вештини, критичко размислување, соработка, решавање проблеми, иновативно и аналитичко размислување); подобрени компетенции за користење на иновативен пристап кон наставата за СТЕМ; воспоставена мрежа на поддржувачи и поборници кои можат да помогнат во реформите во образованието

Потенцијалните долгорочни придобивки

нов иновативен пристап кон СТЕМ наставата и учењето

имплементација на апликацијата во наставните и воннаставните активности

нови партнерства за понатамошно подобрување на апликацијата